Три деца загинаа во пожар во Велес

by fokus

Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Во пожар кој избил нешто пред 17 часот изгореле три дечиња на една, две и петгодишна возраст – пренесува ТВ24.

Според првичните информации, куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Куќата е дива градба, најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште било околу 2 години. Куќата се наоѓа на непристапен терен, а во моментот кога се запалила, родителите на децата не биле таму.

Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.

Поврзани новости