Димитров: Двојната формула ќе беше нефункционална кога ќе влезевме во ЕУ

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека двојната формула за името би била нефункционална кога ќе бидеме дел од ЕУ, бидејќи тогаш речиси и да нема граници меѓу домашниот систем и меѓународниот систем.

-Ако немаше ерга омнес, немаше да има решение. Според некои, двојната формула го одржува проблемот, едно име дома, друго за меѓународна употреба. Особено кога ќе се зачлениме во ЕУ, кога границите во правните сфери стануваат многу тенки. И, ако не се прифатеше ерга оменес, немаше да има решение. Реакцијата на опозициите во двете земји покажува колку е таложен овој проблем. Полошо ќе беше ако го зачувавме уставното име, а името за меѓународна употреба да ни биде нешто како Центрлната Балканска Република, рече Димитров.

Поврзани новости