„Треба што поскоро да се отворат преговорите за Северна Македонија и за Албанија“

by Fokus

Многу ми е важно ние како Европска унија да го одржиме зборот кон Албанија и Северна Македонија. Затоа треба што поскоро да се отворат пристапните преговори“, изјави за Дојче веле германската државна секретарка во МНР, Ана Лирман.

„Даваме се од себе да ги отстраниме последните пречки од патот. Мислам дека наскоро ќе постигнеме напредок“, додаде таа.

Во случајот со Скопје и ветото на Бугарија таа вели:

„Подготвени сме да ги поддржиме процесите што мора да се случат, но тоа е првенствено билатерален процес и верувам дека еден од приоритетите на новата бугарска влада е да напредува со сопствена реформска агенда. Постои голема желба историјата да им се остави на историчарите“, рече Лирман.

Поврзани новости