Димитриевски: Бугарската страна мора да сфати дека Македонците се реалност

by Fokus

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 во однос на бугарското прашање потенцираше дека за да се преговара првенствено потребно е да има две страни, кои заедно ќе се почитуваат.

„Доколку од другата страна имате застапување на ставови со негација, тогаш всушност вие не преговарате, ви се наметнуваат ставови. Мојот став во однос на Бугарија е апсолутно јасен. Сметам дека по пат на дијалог мора да се изнајдат решенија, но другата страна или бугарската страна ќе мора да сфати дека македонците се реалност. Ние не можеме да бидеме ништо друго освен Македонци, дека нашите предци баби и дедовци биле Македонци, а такви ќе бидат и нашите идни поколенија внуци. Македонскиот јазик е реалност, а по однос на македонското малцинство во Бугарија нека се произнесат граѓаните на Република Бугарија каде се, кои се, какви се всушност“, рече Димитриевски.

Поврзани новости