Транспаренси Интернешнeл – Македонија (ТИ-М) ги повикува учесниците во Пржинскиот договор да ги исполнат своите обврски и да преземат соодветни мерки за успешно имплементирање на Законот за заштита на укажувачи, при тоа, имајќи ги во предвид препораките од страна на Венецијанската комисија.
-Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор, со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Меѓутоа, иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии, се вели во соопштението на Транспаренси Интернешнeл – Македонија.
ТИ-М смета дека е потребно институциите да вложат поголеми напори за имплементирање на препораките од Венецијанската Комисија, но укажува дека тие не се пречка да се започне со ефикасна имплементација на законот.