ФРОДЕМ: Од каде му се парите на ВМРО-ДПМНЕ за екскурзијата во САД?

by fokus

ФРОДЕМ бара партиската врхушка на ВМРО-ДПМНЕ и тајфата амали на туѓиот срам под итно да дадат отчет на граѓаните на Република Македонија за потрошените пари за овие скапи екскуризии наменети првенствено за спас на нивната веќе предвидлива иднина, реагираат денеска од ФРОДЕМ.

-Исто така ФРОДЕМ потсетува дека јавноста остана куса за одговор за досега потрошените околу 1,7 милиони долари од страна на оваа врхушка за ангажирање на американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД, се вели во соопштението.

Од ФРОДЕМ нагласија дека Законот за финансирање на политичките партии налага јавно и транспарентно финансирање на политичките партии и затоа приходите и расходите на политичката партија се јавни.

Поврзани новости