Стечајците ќе се придружат на протестниот марш на 11 октомври

by fokus

Стечајните работници кои повеќе од два месеци протестираат, ќе бидат дел од протестниот марш што на 11 октомври ќе го организира оппозицијата заедно со повеќе граѓански здруженија и активисти.

-Ќе се приклучиме на маршот, бидејќи ние сме први во државата што не сме задоволни од владеењето на оваа гарнитура. Нема да протестирaмe заради Зоран Заев, туку лично заради нас како незадоволна група на граѓани, која со децении се бори за остварување на своите егзистенцијални права. Ние ќе продолжиме да протестираме и ќе побараме и граѓаните да ни се придружат со граѓанска непослушност и масовни протести“, изјави Љиљана Георгиевска на протестот кој се одржа и денеска.

Стечајците повеќе од два месеца протестиратат на влезот на Куманово и бараат да се реши нивниот статус, но досега никој од Владата не ги прими на разговор.

Поврзани новости