Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок за палестинската милитантна група Хамас да се согласи со планот на Белата куќа за прекин на конфликтот во Појасот Газа и да спроведе мировен договор до 18 часот по американско време в недела.
Критикувајќи го Хамас за одолговлекувањето со одговорот во врска со неговиот мировен план за Газа, Трамп рече дека ако не се постигне договорот милитантната група ќе се соочи со пекол каков што досега никој не видел.
Американскиот претседател посочи дека и покрај немилосрдните дејствија на Хамас со години наназад, милитантната група добила последна шанса да опстане благодарение на мировниот договор поддржан од големите сили на Блискиот Исток и Соединетите Американски Држави.
„Со договорот ќе бидат поштедени и животите на преостанатите борци на Хамас. Договорот е во полза на сите. Ќе имаме мир на Блискиот Исток на еден или на друг начин, а насилството и крвопролевањето ќе престанат“, истакна Трамп.