Трамп: Нема да ве разочарам

by fokus

Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД и најави дека ќе биде претседател на сите Американци. Тој ги повика на обединување и рече дека нема да ги разочара.

-Ние немавме кампања, туку прекрасно движење, кое очекува Владата да му служи на народот. Работејќи заедно, ќе се обидеме да ја направиме Америка повторно голема, изјави Трамп во победничкиот говор во Њујорк.

Тој на присутните им откри дека добил повик од државната секретарка Хилари Клинтон, која му честитала нему и на неговото семејство за победата. Трамп кажа дека Америка веќе нема да се задоволува со ништо друго освен со најдоброто и рече дека нацијата ќе сонува големи и храбри работи.

Поврзани новости