Трамп имал љубовна афера со домашна помошничка, со неа добил и дете

by fokus

Поранешниот портир во „Трамп Тауер“ во Њујорк, Дино Саџудин тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп имал љубовна афера со некогашната домашна помошничка, и дека од таа врска има дете, објави Си Ен Ен.

Саџудин имал договор со компанијата „Американ медиа“ (АМИ), со кој се обврзал да молчи и му било забрането со кого било да зборува на таа тема, но бидејќи истекол договорот, портирот ја открил аферата.

Адвокатот Марк Хелд истакна дека договорот неодамна истекол по долги преговори со „Американ медиа“.

Си Ен Ен ексклузивно ја објави копијата од договорот меѓу Саџудин и АМИ, потпишан на 15 ноември 2015 година, во кој се тврди дека компанијата има ексклузивно право на приказната на портирот за незаконското дете на Трамп. Исто така, се наведува и дека Саџудин може да добие сума од 30.000 долари по објавување на приказната, но и да не добие ништо доколку приказната не биде обелоденета.

Во една од ставките на договорот пишува и дека портирот ќе мора да плати еден милион долари отштета ако го прекрши договорот.

Поврзани новости