Таравари за ЦИВИЛ: Малоумни се политичарите кои некого ќе го наречат „шиптар“ или „циган“

by fokus

Градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за ЦИВИЛ даде свое мислење за претстојниот референдум. Тој порача дека неговата парија ќе го поддржи референдумот, но ќе продолжат критиките кон Владата.

„Ние сме партија што ги претставува Албанците, а 88% од Албаницте се за Референдумот. Најверојатно Централното собрание ќе донесе одлука за Референдумот и повторно велам, бидејќи во недела одлучуваме, ќе имаме и активна кампања што ќе биде за интеграција, но ќе ја критикува Владата бидејќи нема никакви промени, освен во надворешната политика. Ништо друго убаво не се случува“, рече Таравари.

Политичарите кои за поени нарекуваат некого „шиптар“ или „циган“, се малоумни луѓе, смета тој.

„Идиоти имало и ќе има. Тоа се малоумни луѓе. Кога ги слушам одредени политичари како за политички поени некого ќе го наречат „шиптар“ или „циган“, тоа е веќе многу ниско“, додаде поранешнот министер за здравство.

Поврзани новости