„Откако Никола Груевски не успеа да формира Влада, започна манипулативна кампања преку емоциите на граѓаните, тврдејќи дека е загрозена унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе се подели, при што го повика народот на протести за да ја „спаси државата”, со што практично попречува да се формира Влада на Република Македонија“, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.
Дополнително, Ѓорге Иванов, со вчерашната одлука да не му го даде мандат за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, додаде Трајанов.
Според ДС, Ѓорге Иванов, со овој акт и настапот во јавноста, директно го загрози мирот, внатрешната кохезија, единството и стабилноста на државата.
„Користејќи ја “Платформата на албанските партии“ како аргумент, за попречување да се формира Влада на Република Македонија, „создаде услови“ за дестабилизација, интеретнички и меѓуетнички конфронтации, разгорување на меѓуетничка и верска нетрпеливост, омраза и раздор. Со одлуката да не го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во парламентот, Ѓорге Иванов, ја вовлече Македонија во институционална криза и создаде основи за поделби и немири од пошироки размери и со тешки последици. Поткопани се темелите на демократијата“, предупреди Трајанов.
За излез од кризата Демократскиот сојуз предлага:
1.Сите разговори и преговори за излез од кризата да се водат во Собранието на Република Македонија.