Се трага по изгубен планинар на Орле

by fokus 13:53
13:53

Два дена се трага по триесетиседум – годишен скопјанец, кој во обид да се искачи на врвот Орле на Вишешница, Кавадарци, се одвоил од групата и се изгубил.

Според МВР, пет лица од Скопје, сакајќи да планинарат, се изгубиле. Била организирана потрага во која што се вклучил хеликоптер, граничната полиција Кавадарци и планинари на ПСД Орле.

Речиси во безсознание биле прнајдени четворица од планинарите, а лицето кое што се одвоило од групата се уште не е пронајдено.

Претседателот на ПСД Орел, Никола Минчоров излезе со детали на локалната телевизија во Кавадарци.

Врвот Орле не е препорачлив за освојување од страна на лица кои не се добро физички и психички подготвени, кои што не го познаваат добро теренот и немаат соодветна планинарска опрема.

Вики Клинчарова

Поврзани новости