Мигрантите ниту ги има ниту ќе ги има, а предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со мигрантите претставува смислен обид повторно да се игра на емоции на граѓаните и создаде чувства на загрозеност и наводно уривање на државата, смета Демократискиот сојуз на Павле Трајанов.
Ваквата кампања, велат од таму, повторно ќе не изолира и конфронтира со демократскиот свет, со невладините организации, со ООН, со медиумите од регионот и пошироко, а последиците ќе ги трпат граѓаните.
„Наместо да се сее страв од мигранти кои ги нема (во Кампот во Гевгелија само 13) и кои во краен случај, само транзитираат низ Македонија, треба јавно да се зборува за нашите млади кои се “бегалци” во многу европски земји, САД и КАНАДА и да се направи сė младите да не ја напуштат татковината, а тие што заминале да се вратат. Лажните вести за можен наплив на бегалци, како и наводно укинување на зголемувањето на пензиите, се лаги со кратки нозе и сигурни сме дека граѓаните ќе препознаат што е манипулација, а што е вистина“, соопштуваат од партијата.