Анекс за автопатот Кичево-Охрид по изборите, проектот ќе ги пробие и роковите

by fokus 16:50
16:50

Ќе се зголеми цената за изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат дека по локалните избори ќе биде потпишан анекс на договорот за дополнителни работи за да се доврши проектот. За сега, велат од таму, работите се одвиваат со забавено темпо.

Освен тоа проектот дефинитивно ќе ги пробие роковите. Наместо до јануари 2018 година како што беше ветено, изградбата на автопатот ќе се пролонгира.

- Advertising -

Се очекува овој автопат да чини 100 милиони евра повеќе од предвиденото поради серија на проблеми кои се појавија во проектирањето. Изградбата веќе беше стопирана поради изместување на трасата, а беа детектирани и нестабилни косини, поскапување на проектот поради изградба на непредвидени клучки и проблеми со експропријација на земјиште.

Претходната Влада за овој автопат склучи договор со кинеската фирма „Синохидро“, во износ од 373 милиони евра. Тендерот беше проблематизиран во „бомбите“, а опозицијата тврдеше дека тогашниот премиер, Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, договарале провизија со Кинезите од 25 милиони евра. Откако министрите во владата на Груевски одбија да го потпишат тендерот со „Синохидро“ договорот беше заклучен преку закон во Собранието на 25 октомври 2013 година.

Поврзани новости