Во текот на наредната недела ќе го промовираме “Проектот за Македонија да биде една изборна единица”-изјави лидерот на Демокартски сојуз, Павле Трајанов на денешениот избор на ново раководство на младите на ДС. Тој оцени дека тоа е модел кој ќе обезбеди фер и демократски избори , а изборните резултати ќе бидат реален одраз на работата на граѓаните.
Инаку денеска на петтото Изборно собрание на младината на ДС за претседател беше избран Миодраг Димов, за потпретседатели: Александар Илиевски и Јово Батковски, а за секретар Елена Денковска.
Во однос на актуелната политичка состојба Трајанов во своето обраќање пред младите нагласи:
“Наместо натамошни конфронтации и поделби, повикувам на разумно однесување и политички дијалог за излез од длабоката политичка криза, која има негативен одраз врз стабилноста, економскиот развој и владеење на правото”, истакна Трајанов.