Трајанов бара промена на изборниот модел, наместо шест да има една изборна единица

by Фокус

Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, поднесе Предлог на закон за измена и дополнување на Изборниот законик со кој се предвидува пропорционален изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица.

-Со промените ќе се обезбеди состав на Парламентот кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се стеснат можностите за кршење на изборните правила, како и друг вид нерегуларности нотирани во сите извештаи на ОБСЕ и ОДИХР. Република Македонија циклично запаѓа во длабоки политички кризи кои имаат негативен одраз врз владеење на правото, основните човекови права и слободи, демократскиот развој, стабилноста на државата, економскиот развој и евро-атланските процеси“, смета тој.

Според Трајанов, овие кризи се и поради изборниот модел, односно поделбата на Македонија на 6 изборни единици, со кои вели, се обезбедува доминација на една политичка партија, која во пракса воспоставува еднопартиски систем, суспендирајќи ги законодавната и судската власт, без механизми за контрола и одговорност на извршната власт.

Поврзани новости