Претставници на невладините организации биле прислушувани, денес ќе добијат папки од СДСМ

by Фокус

Денеска опозициската СДСМ ќе ја објави 37-та „бомба“,односно ќе бидат обелоденети нови докази, кои според нив, укажуваат на криминал и злоупотреби на власта.

„Бомбата“ најверојатно ќе пукне од Кампот на слободата пред Владата во 14 часот,  и ќе се однесува на невладини организации, а претставници на истите ќе добијат и свои папки со прислушкувани разговори како што претходно добија дел од новинарите, а исти такви биле поделени и на странските амбасадори во Македонија.

Поврзани новости