Заев: Груевски ги прислушувал и борците за човекови права

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предмалку ја објави 37-та бомба, односно на голем број на претставници на невладиниот и граѓански сектор им подели папки со нивните прислушувани разговори.  Заев истакна дека „Вистината за Македонија“ покажува дека нема сектор, дел, од земјата каде не влегол премиерот Никола Груевски.

-Снимките покажуваат дека се прислушкувани и послушници на Груевски. Најинтересно е што според податоците што ни се достапни до овој момент, се дознава дека со години таргет на Никола Груевски и Сашо Мијалков и тесна група околу нив се најмалку десетина граѓански информации. НВО Инфо Центар, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, Транспарентост Македонија, Фондацијата Отворено општество, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Истражувачки центар за граѓанско општество, Граѓанската платформа АЈДЕ, Центарот за стратешки анализи Форум, Македонски центар за европско образование, Фондацијата Метаморфозис. Ова се само дел од прислушкуваните граѓански организации, бројот е многу поголем, и кога ќе бидат комплетирани тие материјали, ќе им ги презентираме и ним, како што сега ќе им ги дадеме на наброените организации, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата пред влада.

Тој рече дека денеска наброените ќе ги добијат снимките и транскриптите во папки.

– Јасно е зошто јавно нема да бидат објавени. Граѓанскиот сектор е дел од демократската јавноста и тоа мора да го почитуваме. Дел од најактивните организациии, кои се активираа критички за општествените активности, кои се борат за различни видови човекови права, се прислушкувани и Никола Груевски со тесната група соработници ги поткопа до темел уставните начела на кои се поставена Република Македонија. Вистината за Македонија покажува дека нема сектор, дел, каде не влегол Груевски. Покажува дека се прислушкувани и послушници на Груевски. На овој начин Груевски и помошниците го држеле поед контрола општеството и ја држеле власта и моќта. Груевски ја држел власта со незапаметено во светски рамки прислушкување, рече Заев.

Поврзани новости