Трагедија во Словачка: 15-годишно момче скокна од покривот на училиштето пред неговата мајка

by Fokus

Страшна трагедија се случила во училиште во Пархована во областа Требишов во Словачка. Петнаесегодишно момче скокнало од покривот на училиштето, додека неговата мајка се обидувала да го одврати.

Мајката заедно со заменик директорот на училиштата се обиделе да го одвратат од намерата, но не успеале.

Родителите на Романо тврдат дека нивниот син бил малтретиран од некои соученички. Тој правел се за да ѝ се допадне на околината, но според неговите родители, соучениците направиле да се чувствува дека не припаѓа таму.

Страдањето на Роман резултирало со трагичен настан кога решил да си го одземе животот.

Мајката била сведок на последните моменти од животот на нејзиниот син.

„Ми се јави наставникот и рече дека Роман е на покривот на училиштето. Кога стигнав во училиштето, неговиот клас и заменик директорот беа таму. Се обидовме да му го одвлечеме вниманието, му реков дека ќе го смениме училиштето, за жал ништо не функционираше“, рече таа.

Мајката раскажа како Роман цело време стоел на работ од покривот.

„И потоа ги рашири рацете и скокна, веднаш до мене. Врескав, бев во шок. За жал, ја удри главата во бетонот, повредите кои ги доби беа фатални”, рекла неутешната мајка.

Родителите тврдат дека Роман бил понижуван, малтретиран и провоциран на училиште и дека малтретирањето долго време го игнорирале неговиот класен наставник и директорот на училиштето.

Поврзани новости