Државјанин на Србија (52) почина на Октоберфест во Минхен, откако беше згмечен од една од атракциите во забавниот парк.
Несреќата се случи синоќа, нешто пред 22 часот, на атракцијата „Hangover“ – кула за слободен пад висока околу 80 метри.
Според информациите на полицијата, мажот работел како обезбедувач.
Во моментот на несреќата, според досегашните резултати од истрагата, тој се наоѓал на подрачје каде што не требало да биде.
Според првичните информации, тој бил удрен и притиснат од гондола што со голема брзина паѓала кон земјата заедно со патниците.
Мажот бил реанимиран на самото место, по што бил пренесен во болница во Минхен. И покрај напорите на лекарите, тој им подлегнал на повредите.
По несреќата, просторот околу атракцијата „Hangover“ бил блокиран, а на местото на настанот интервенирале бројни служби.