Трагедија на градилиште во Шведска – пет лица загинаа откако падна монтажен лифт

by Fokus

Најмалку пет лица загинаа кога монтажен лифт се урна на градилиште во предградие на Стокхолм, а шведското обвинителство започна истрага.

– Станува збор за кривично дело што резултира со смрт на работното место, вклучително и кривично дело предизвикување смрт на друго лице – се вели во соопштението на обвинителството, пренесе Ројтерс.

Сите жртви се уште се идентификуваат, а во тек е техничка истрага на местото на несреќата.

Шведската полиција првично во понеделникот соопшти дека најмалку четири лица се повредени при уривање на лифт од височина од 20 метри.

Полицијата тогаш констатирала дека во тој момент нема сомнеж дека има намера да се предизвика несреќа.

 

Поврзани новости