Тортевски: Се што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања

by Фокус

Адовокатот Александар Тортевски денеска ги демантира пишувањата на повеќе провладини медиуми кои деновиве објавуваа дека за неговите јавни настапи тој бил плаќан од Специјалното јавно обвинителство.

-Категорички изјавувам дека од СЈO немам добиено ниту еден денар, ниту сум бил во нивните простории, ниту знам каде се наоѓаат. Се што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања и на мојата совест. Инаку, навистина ми е жал што не сум дел од тимот на СЈО и доколку тие проценат дека можам да им бидам од било каква полза, тогаш сигурно ќе прифатам, вели Тортевски во демантот.

Тој додава дека доколку се утврди дека земал хонорар од Специјалното јавно обвинителство, тогаш тој износ стократно зголемен ќе го даде како помош на угнетувани новинари.

-Во однос на наводно досега добиените хонорари од СЈО доколку се утврди дека сум добил такви средства, јавно изјавувам дека износот кој ќе се открие стократно зголемен ќе го исплатам за помош на угнетувани новинари кои мора да пишуваат во списанија кои никој не ги купува. Со оглед дека Канал 5 ја пренесе оваа вест дури можам износот да го уплатам на сметката на нивните сопственици во Панама, вели адвокатот Тортевски.

Поврзани новости