Опозицијата е подготвена за избори на кои ќе има промени

by Фокус

СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучија дека се подготвени за избори во секој момент на кои што постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти е во Република Македонија да се спроведат фер и регуларни избори, се вели во соопштението по средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски со партнерите од здружената опозиција.

-Без прочистен Избирачки список не може да бидат организирани и спроведени фер и регуларни избори. Оттука СДСМ и коалициските партнери очекуваат реална оценка од Државната изборна комисија која што ја има одговорноста за доверлив Избирачки список, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ и коалициските партери потсетуваат дека неколку изборни циклуси по ред во Република Македонија се спроведуваат нерегуларни избори, на кои што не се почитува изборната волја на граѓаните на Република Македонија, што нанесува непоправливи штети како на граѓаните така и на интеграциите на државата на меѓународен план.

Поврзани новости