469
Немаме право како пратеници да гласаме за законските предлози во образованието поради 10.000 студенти кои излегоа на протести и 300 потпишани еминентни професори, што ја задолжиле оваа држава со нивното знаење, порача на собраниската седнциа Роза Топузова – Каревска, една од трите оппозициски пратенички која не ја бојкотира работата на Законодавниот дом.
– Нашиот целокупен образовен систем има потреба од промени, но како може да гласам за вакви реформи? Со само 5 дена образложение дека нешто не е во ред се уверивте дека има потреба од закон. Дали ова е доволно за да изгласаме еден ваков закон – рече Топузова – Каревска.