Министерство за транспорт и врски: Шилегов не сака или не знае да чита?

by Фокус 16:57
16:57

Откако Петре Шилегов на денешната прес конференција го праша министерот Миле Јанакиески, кој договор за закуп го раскинал, бидејќи во неговата куќа, како што рече, покрај германската фирма, биле сместени и два проекти, со рекација се јавија од Министерството за транспорт и врски.

-Очигледно правникот Петре Шилегов кога зборува за договор за закуп или не сака или не знае да го прочита. Единствено во договорот за закуп како облигационен однос стои лицето Миле Јанакиески и Проектот за рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп, се наведува во соопштението.

Од министерството додаваат дека вчера министерот Јанакиески пред целата македонска јавност објавил дека го раскинува договорот пред се, како што велат,  поради лицемерието и дрскоста на политичари како Шилегов кои политиката ја сметале исклучиво како арена за плукање и навреди, а не како поле на докажуавње  преку конкретни проекти.

- Advertising -

-Во недостаток на идеи и проекти за граѓаните, раководството на СДСМ и нејзиниот портпарол Шилегов се уште ја држат отворена темата за некаков наводен скандал собирајќи евтини политички поени кај нивните членови за да покажат дека нешто работат, велат од министертвото.

Од министерството го повикаа Шилегов сите документи со кои мафтал, да ги достави до Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција.

 

 

Поврзани новости