Тони Јакимовски, екс шефот на кабинетот на Мијалков приведен за ново кривично дело

by Fokus

Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, е на распит пред судија на претходна постапка во кривичниот суд, дознава 1ТВ.

Обвинителството за него бара притвор за нов предмет, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Tој бил уапсен по завршувањето на денешното судење „Таргет Тврдина“ случајот каде што е второ-обвинет за незаконското прислушување, од двајца припадници на полициската единица „Алфи“.

Покрај во „Таргет Тврдина“, на Јакимовски му се суди и во случајот „Трезор“ на СЈО, за незаконска набавка за опремата за прислушување во УБК, а на товар, одделно и во двата случаи му се става кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Јакимовски беше директор на СЕЛЕК – организацијата којашто се бори против организираниот криминал во Југоисточна Европа. Од функцијата беше разрешен во септември 2017 година, пред да му истече мандатот, по барање на МВР. На директорската позиција во организицијата која е сместена во Букурешт беше предложен од поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Поврзани новости