Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави во средата дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.

На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.

Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика.

Поврзани новости