Тони Делков: Им се извинувам на сите со кои бев во контакт, позитивен сум на ковид

by fokus

Градоначалникот на Неготино Тони Делков е позитивен на корона вирус. Веста ја објави на својата официјална страница, и информираше дека до завршување на периодот на лекување и изолација работните обврски ќе ги извршува од дома.

-И покрај почитувањето на мерките за заштита од корона вирусот, чувствувам обврска да ве информирам дека по извршениот тест за Ковид-19, резултатот е позитивен.

Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам, почитувајте ги мерките и препораките за заштита од вирусот – објави Делков.

Изминатиот период тој имаше збиена агенда и присуствуваше на повеќе општински настани. Заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, со закројување на винова лоза го одбележаа празникот Свети Трифун, а пред четири дена имаше средба со Шеф на мисијата г.Такахаши Сатору од Јапонската амбасада.

Се уште нема официјална информација колку од соработниците на градоначалникот остануваат во изолација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости