Пожар во затворската кујна во „Идризово“, повреден еден вработен

by fokus

Вчера рано наутро околу 4.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во затворската кујна во „Идризово“.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот.

Тој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

Поврзани новости