Почина Ѓорѓе Балашевиќ: Замина едноставниот, а истовремено генијален човек

by fokus

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина во својата 67-ма година, јавуваат српските медиуми. Според информациите кои доаѓаат од соседството, Балашевиќ бил хоспитализиран пред три дена на клиника во Нови Сад поради воспаление на белите дробови.

Во ноември 2019 година тој го откажа концертот во Крагуевац бидејќи доживеал инфаркт. Со скромниот уметник кој остави цела ризница од хитови кои траат со децении на просторите на поранешната Југославија се простува целиот регион, во неверување од веста. Тој го имаше последниот концерт во Скопје во мај 2018 година, во ВИП Арената, по повод 40 години кариера, и ја наполни салата до последно место.

Пееше повеќе од три часа, и ја воодушеви публиката со својата едноставност и генијалност во исто време.

Вики Клинчарова

Поврзани новости