Тодоров: Избирачкиот список е чист, СДСМ измислуваше фантоми

by fokus

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека измислиле и ја лажеле јавности дека во Избирачкиот список има половина милион фантомски гласачи. Од партијата велат дека Избирачкиот список бил прочистен по методологијата на СДСМ, а резултатите покаже дека тврдењата на опозицијата се лажни.

-Според официјалните податоци на ДИК на избирачкиот список има 1 783 215 гласачи или 3 087 повеќе гласачи од 2014. Како меур од сапуница ги снема лагите и тврдењата на СДСМ. Значи нема половина милион фантоми ниту 300 000 фантоми, има само уште една огромна лага на СДСМ – рече денеска Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости