Тимот на СЗО излезе од карантин и ја почна истрагата за потеклото на корона вирусот во Кина

by Fokus 10:36
10:36

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска излезе од карантин во кинескиот град Вухан и ја почнува теренската работа во мисијата на утврдување на фактите за потеклото на корона вирусот што ја предизвика пандемијата на Ковид-19.

ДПА пренесува дека Кина бараше тимот да мине 14-дневен карантин во хотел пред да може да ги почне своите истражувања во градот Вухан, каде се верува дека вирусот кон крајот на 2019 година преминал од животни врз луѓе.

- Advertisements -

Експертите на СЗО денеска се видени како излегуваат од хотелот и се качуваат во автобусот, но не е познато каде се се упатија.

Мисијата се изведува под силен политички притисок, бидејќи Кина се обидува да ги избегне обвинувањата од различни страни, пред се, од поранешната американска администрација и лично од претседателот Доналд Трамп, за наводни грешки во првичниот одговор на пандемијата.

Главното прашање за мисијата е каде кинеската страна ќе дозволи истражувачите да одат и со кого ќе можат да разговараат. Кинеската државна телевизија денеска јави дека 13-те експерти на СЗО почнуваат со работа и дека сакаат да спроведат интервјуа и да ги посетат болниците. Тие, исто така, планираат да отидат до сточниот пазар каде за првпат се појавил корона вирусот.

Тимот за двете недели карантин имаше видео-конференциски врски со своите кинески колеги.

Поврзани новости