Кражба во дом на кавадарчанец, украдени пари

by Fokus

Кражба била извршена вчера во дом на кавадарчанец, украдени биле пари. Ова денеска за МИА го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во 15.15 часот во Полициската станица Кавадарци, 57 -годишен кавадарчанец пријавил дека непознат сторител влегол во неговата куќа и одзел пари. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости