Тимоние: Потребно е партиите да покажат единство за Македонија да се врати на патот кон ЕУ и НАТО

by fokus

По формирањето на новата Влада, време е Македонија да се врати на патот на ЕУ и НАТО интеграциите коишто никогаш не би требало да ги напушти, но ќе биде потребно време, оптимизам и трпение да се стигне до крајот на тој пат, истакнува францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интeрвју за МИА.

Тој смета дека за да се увери ЕУ за посветеноста на реформите потребна е да се усвои декларација во Собранието со која ќе се покаже единство по искажаната определба за ЕУ и НАТО како стратешки приоритети на државта од страна на сите партии во земјата.

„Тоа е една идеја која што порано постоеше, и ако лидерите на политичките партии можат да ја конкретизираат тоа ќе биде добар знак и кон ЕУ, но исто така, добар знак и кон помирувањето во националиот интерес што е повеќе од посакувано“, вели Тимоние.

Тимоние го поздрави фактот што Владата не изгуби многу време за изготвување акциски план за спроведување на итните реформи, а доаѓањето на еврокомесарот Хан и неговото учество на владина седница го оцени кака многу важно за одлучноста на македонската Влада да ги спроведе реформите во тесна соработка со ЕУ

„Време е Македонија да се сврти кон патиштата коишто никогаш не би требало да ги напушти. Формирањето на новата Влада сите го сметаат за престанок на еден период на криза. По периодот на среќа, која ние ја споделуваме, постои и моментот на конкретизирање на работите. Тоа е повторно враќање на патот, но пат за којшто е потребно време да се стигне до крај“, вели Тимоние.

Францускиот амбасадор нагласи дека сето ова одблиску ќе биде набљудувано, а за набљудувачите на македонскиот политички живот, односно дипломатите чиј што глас се слуша во нивните главни градови е да се забележи кој е новиот дух што владее.

Според него, особено ќе треба локалните избори коишто се предвидени за 15 октомври, да се спроведат во услови во коишто ќе нема тензии.

Поврзани новости