Тимоние: Не губете време и тргнете напред

by fokus

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоне, денеска го повтори ставот на официјален Париз, и го повика претседателот Ѓорге Иванов да престане да ја блокира новата влада. Тој порача дека статус-квото во земјата мора да се промени што побрзо за државата да тргне напред.

– Се надеваме дека состојбата ќе биде деблокирана колку што е можно побргу затоа што во оваа земја навистина има голема енергија, која би можела да се искористи за други работи, а не залудно да биде потрошена. Би можеле да се направат многу добри работи што не би оделе на штета на државата ниту, пак, би оделе на штета на европската иднина ниту на штета на Балканот. Мислете на младите, мислете на вашите претприемачи и да одиме заедно напред – рече Тимоние.

Поврзани новости