Тевдовски: Во 2020 и 2021 година треба да вратиме повеќе од милијарда евра

by Фокус

 

Новиот министер за финансии Драган Тевдовски, денеска на средба со новинарите истакна дека при стапувањето на функцијата во касата затекнал 6 милиони евра на буџетската сметка и 209 милиони евра на девизната смета, кои се преостанати од еврообврзницата.

„Парите од еврообврзницата ќе бидат наменети за сервисирање за враќање на долговите до крајот на годината. Прва поголема сума за враќање кредит има во јануари од 90 милиони евра, но покритични се 2020 и 2021 година, кога треба да се враќа повеќе од една милијарда евра. Затоа нема да преземаме краткорочни решенија за гасење мали пожари туку ќе направиме поширока дебата со експертската јавност како ќе ги решаваме овие прашања – рече Тевдовски.

Тој додаде дека министерството во моментов прави анализи на точната сума на доспеани, а неисплатени обврски, по што ќе се знае колкава е сумата на скриен долг, кој, според него, ќе биде соопштен во првите 100 дена од мандатот на новата влада.

 

Поврзани новости