Спутник: Македонија во 2018-та ќе стане членка на НАТО

by fokus

Северноатлантската алијанса планира до пролетта 2018 година да ја прими Македонија за полноправен член, изјави за Спутник извор близок до преговорите за членство на државата во НАТО.

Според изворот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, планира до средината на јули да го посети Скопје и да разговара за тоа. Цел на НАТО е до пролетта 2018 година државата да биде примена во Алијансата.

„Амбасадорот на САД во Скопје вчера имаше средба со министерката за одбрана и е разговарано за тоа“, изјавил изворот.

Македонскиот премиер Зоран Заев в понеделник ќе има средба со Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел. Тој најави дека новата влада ќе направи се што може за да се забрза интеграцијата во ЕУ и НАТО и порача дека е прифатливо во воениот сојуз да бидеме примени под привременото име. Грција од своја страна инсистира дека единствен начин за придвижување на интеграциите е Македонија да прифати име со географска одредница за севкупна употреба.

Поврзани новости