ВМРО-ДПМНЕ: Ова е врв на лицемерието на Оливер Спасовски

by fokus

По прес-конференцијата на министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, која се однесуваше на извештајот за случувањата во Собранието на 27 април, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакции. Според нив, тоа што Спасовски го презентираше на прес-конференцијата е врв на лицемерието и двојни аршини.

„Против полициските службеници кои не применија сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на Претседателот на Република Македонија немаше никаква постапка. Против полициските службеници кои на 27 април постапија на истиот начин сега се водат постапки“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ врши брутална партизација на институциите и дека јавното обвинителство не смее да подлегнува на притисоците и заканите и тоа мора да продолжи да постапува професионално, исклучиво согласно Уставот и законите.

Од партијата останаа на ставот дека на 27 април на физичкото насилство му претходело политичко насилство и дека и за тоа треба да се побара одговорност.

„Барањата на Заев за смена на републичкиот јавен обвинител се само со една единствена цел, прикривање на сопствениот криминал и инсталирање на послушник кој ќе ги спроведува наредбите за политички прогон на неговите неистомисленици“, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости