Тетовскиот фудбалски агент, Фали Рамадани осомничен за измама од 100 милиони евра

by fokus

Еден од најмоќните фудбалски агенти во светот, тетовецот Фали Рамадани е во големи проблеми откако Шпанија го обвини за перење пари.

Според информациите од Пиринеите, цивилната гарда на Шпанија цели шест часа му ја претресувала куќата на Мајорка од каде била одземена бројна документација која допрва ќе се вештачи пред да биде подигнато обвинение. По претресот, на Рамадани му било соопштено дека следните неколку дена мора да се појави на распит пред Националниот суд во Мадрид.

Од куќата на Рамадани во Мајорка е запленета целата документација, а агентот се сомничи за измама кон државата за дури 100 милиони евра.

Поврзани новости