Тет-а-тет средба меѓу Ахмети и Коѕијас

by fokus

Грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, за време на денешната официјална посета во Македонија, ќе има средба и со лидерот на најголемата албанска партија, Али Ахмети. Коѕиас и Ахмети ќе има разговор од половина час во Собранието, откако шефот на грчката дипломатија претходно ќе оствари средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Во својата еднодневна посета во земјава, Коѕијас ќе има средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според нејавеното не се предвидени разговори за спорот со името, туку за подобрување на меѓународните односи и состојбите во регионот.

Поврзани новости