Од утре двосменско работење на шалтерите на МВР, Царина, УЈП

by Fokus

Од утре почнува да се применува одлуката за двосменското работење во службите на органите на државната управа.

Тоа значи дека шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи,  Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7,30 до 21,30 часот.

Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Поврзани новости