Тесла повлекува повеќе од 80.000 автомобили во Кина

by Fokus

Компанијата Тесла повлекува повеќе од 80.000 автомобили во Кина поради проблеми со софтверот и сигурносните појаси. Повлечени се 67.698 автомобили Модел С и Модел Кс, увезени во Кина во периодот од 25ти септември 2013 и 21ви ноември 2020 бидејќи проблемите со софтверот влијаат на системот за управување со батериите во возилата, пренесува Ројтерс.

Од Тесла известуваат дека ќе го надградат софтверот на неисправните возила, а воедно и ќе повлечат уште 2.736 автомобили Модел 3 произведени помеѓу јануари и ноември 2019 година. Исто така, ќе бидат повлечени 10.127 возила од истоимениот модел произведени во периодот од 14ти октомври 2019 до 26ти септември 2022 година.

Исто така, наведено е дека, возилата ќе бидат повлечени поради потенцијално неисправни појаси кои Тесла ќе ги проверува и повторно ќе ги инсталира.

 

Од друга страна, од пазарот во САД, Тесла имаат повлечено повеќе од 321.000 автомобили поради тоа што задните светла повремено не им функционираат. Произведувачот со седиште во Тексас, соопшти дека повлекувањето се однесува на одредени возила од Модел 3 за следната година, како и модел Y до 2023та.

Ќе се користи безжично ажурирање како би се поправил проблемот со задните светла, но нема извештај за евентуални удеси или повреди во врска со повлекување на возилата од таа причина, се наведува во соопштението на Националната управа за безбедност во сообраќајот.

Поврзани новости