Тешко повредено момче откако било прегазено од мотор

by fokus

Вчеравечер се случила тешка сообраќајна незгода, откако 19-годишно момче со својот мопед удрило во 16-годишен пешак, кој се здобил со тешки повреди.

„На 05.05.2019 година во 21.45 часот во близина на влезот за с.Тркање, кочанско, мопед „Априлија  РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од с.Тркање. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани“, велат од МВР.

Поврзани новости