Тешко повреден скопјанец, со мотор излетал кај Плетвар

by Фокус

Вчера попладне на регионалниот пат Градско-Прилеп, кај превој Плетвар, моторцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Б.Ј. од Скопје, излетал од коловозот, извести МВР.

Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Поврзани новости