192
На регионалниот пат Битола – Ресен, кај месноста Макази попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец.
Според првичните информации, има и други повредени во сообраќајката.
Судирот се случи меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Едно од возилата, според информациите, целосно изгорело.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата.
Сообраќајот на овој дел ќе остане затворен сè додека трае истрагата.