Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го призна делото и веднаш доби кривична

by irena 13:30
13:30

МВР информира дека вчера по преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лишен од слобода е Б.Ј.(38) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“.

Имено, лицето е лишено од слобода, во врска со кривично правниот настан од 21. овој месец, кога по претходна пријава во СВР Скопје, на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено беше лице без знаци на живот, а полициски службеници од СВР Скопје утврдија дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско, при што беше забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Во близина на телото беше пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Со Б.Ј. извршен е службен разговор, при што лицето го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

Денеска по целосно документирање на кривично правниот настан, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Слични вести