Од 16 ноември до 22 ноември годинава, во Македонија пријавени се 188 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што значи дека се забележува зголемување од 22,1 отсто во однос на претходната недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Од 188 заболени, во Скопје се регистрирани 40, во Куманово – 32, Дебар и Радовиш по 17, Тетово – 13, Охрид и Прилеп по 11, Струга –10, Струмица – 8, Битола – 6, Свети Николе – 5, Ресен и Штип по 4, по два случаи во Велес, Кавадарци, Неготино и Македонски Брод и по еден случај во Крива Паланка и Гостивар.
Во однос на возраста, од 15 до 64 години се регистрирани 113 лица, 29 лица на возраст над 65 години, 28 деца на возраст од пет до 14 години и 18 деца на возраст до четири години.