Тројца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 23 часот на автопатот Скопје-Тетово и во која учествувале три возила.
„На 11.09.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(35) од с.Копаница, скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.З.(64) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.