Тешка сообраќајка кај Крагуевац: Автобус полн со работници излетал од патот, повредени 18 патници

by Fokus

Околу 5 часот и 30 минути автобусот кој превезувал работници од Крагуевац за Рач излетал од патот. Според првичните информации полесно се повредени 18 патници.

Според изјавите на очевидци, возачот изгубил контрола и возилото се лизнало во каналот покрај патот, пишува Данас.

Интервенирале три екипи на итната помош од Крагуевац, при што според првичните информации повредени се 18 патници. Според итната помош, тие најмногу се здобиле со полесни повреди и набиеници на екстремитетите, рацете и рамената.

 

Поврзани новости